Британка чии јајници и биле замрзнати како дете се породи во САД

bebe.png

Подвиг на американските доктори. 24-годишна Британка, на која како дете и биле отстранети, па замрзнати јајниците, се породи во болница во Портланд.

Моаза ал Матруши роди живо и здраво дете, што е прв случај на родилка во светот, на која и биле трансплантирани јајници, што и биле отстранети во пубертетот.

Нејзе на 9-годишна возраст и откриле ретко заболување на крвта, поради што морала да биде подложена на хемотерапија.. За да не и бидат оштетени, на девојчето тогаш и биле замрзнати ткива од јајниците, кои лани и биле трансплантирани.

На Моаза за неколку месеци нивото на хормони и се вратило во нормала и и се обновила плодноста.

Таа забременила преку третман на вештачко оплодување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail