Британски научници одгледуваат дијаманти во лабораторија кои се идентични како природните

dijamant.jpg

Научници одгледуваат дијаманти во лабораторија кои се толку чисти што речиси не може да се разликуваат од природните. За да се одгледаат дијаманти од 1 карат потребни се неколку дена во лабораторија во Кардиф, а се користат само гасовите метан и водород. Истражувачите кои работат на проектот велат дека ваквите дијаманти се почисти, 20% поевтини и поеколошки отколку вистинските, пишува Daily Mail.

Професорот Оливер Вилијамс е физичар на Универзитетот во Кардиф, тој вели дека ваквите дијаманти се почисти отколку кои било кои може да се најдат во природата. Кај најдобрите одгледувачи на дијаманти само 1 атом од трилион атоми е нечистотија.

Професорот Вилијамс предови тим кој произведува полупроводници од листови направени од дијамант, но истиот процес може да се примени за одгледување декоративни скапоцени камења. Научниците го почнуваат процесот со ставање мало „семе“ дијамант во вакуум комора за да се отстрани нечистотијата од воздухот. Потоа се пуштаат гасови метан и водород загреани на 3,000°C за да се создаде високонапонска плазма. Гасовите многу брзо се разложуваат и испуштаат атоми на јаглерод кои се собираат на дијамантот кој служи како „семе“.

Секој вештачки одгледан дијамант расте со брзина од 0,006 мм на час. Природните дијаманти се формираат за милиони години под висок притисок и високи температури во длабочината на земјата. Лабораториски одгледаните дијаманти се закана за индустријата за дијаманти затоа што сега неколку компании во светот ги одгледуваат и ги употребуваат за накит.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail