Британски „TELEGRAPH“ го смести Охрид меѓу најубавите градови во Европа

20170207-britanski-telegraph-go-smesti-ohrid-megju-najubavite-gradovi-vo-evropa-m.jpg

Британската веб страница „Telegraph.co.uk“ ги објави најубавите градови во Европа, според проценките на Јапонската асоцијација на агенти за патување (ЈАТА).

Листата била направена врз основа на помали дестинации со цел да бидат промовирани за туристи. На прво место се најде гратчето Килкени во Ирска, додека второто место му припадна на гратчето Берат во соседна Албанија, кое е прогласено за светско наследство според УНЕСКО. На трето место се најде Сивита ди Бањореиџо во Италија кое е опишано како место во кое живеат само 10 луѓе, меѓутоа достигнува неверојатни 600.000 туристи годишно. И четвртото место припадна на место во Италија, Процида.

На петтото место се најде Конви, Велс и со тоа ова беше единственото место од Британија кое се најде на листата. Шестото место му припадна на Лех, Австрија, познатиот зимски резорт чиј шарм е уште поголем со снегот што го покрива. Седмото место му припадна на Хинделупен, Холандија, осмото на Лефкара, Кипар, деветтото на Ровињ, Хрватска, додека десетката ја заокружи Солио, Швајцарија.

На листата се најде и нашиот Охрид, кој ја го доби 28-та позиција. Опишан е како град кој се наоѓа на брегот на езерото кое го носи истото име и едно од 28-те места во светот кои ги исполнуваат условите и за културен и за природен локалитет на УНЕСКО.

На листата се најде и црногорскиот град Котор, уште еден град заштитен од УНЕСКО, како и Копривштица, Бугарија. Пиран, Словенија е шестиот град на листата кој потекнува од Балканскиот полуостров и е опишан како гратче во стилот на Венеција со прекрасни плоштади, цркви, лавиринтски улици и прекрасни рибни ресторани на вода.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail