Бројот на невработени во светот оваа година може да се искачи на над 201 милиони

nevrabotenost.jpg

Бројот на невработени во светот оваа година може да порасне за 3.4 милиони затоа што економскиот раст е мал и бавно се отвораат нови работни места.

Ова е проценка на Меѓународната организација на труд.  Бројот на невработени во светот може да се искачи над 201 милион.  Стапката на невработеност може да биде 5.8% од 5.7% лани. Во 2018 година овој тренд треба да се забави и да се зголеми бројот на вработени за 2.7 милиони.

Се нагласува дека во Северна Америка и Европа има долгорочна невработеност како за време на кризата. Проблемот со невработеноста е изразен во Латинска Америка, но и во Африка каде економскиот раст е слаб две децении по ред.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail