Бронзен медал за Мила Ивановска на Меѓународната олимпијада по природни науки

Mila-bronza-696x928.jpg

Мила Ивановска ученичка во прва година во гимназијата Јосип Броз Тито oсвои бронза на Меѓународната олимпијада по природни науки што се одржува во Холандија. Таа е единствена од шесте натпреварувачи од Македонија која ги помина тестовите по физика, хемија и биологија.

Со бронзен медал на Меѓународната  јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017  Холандија, се закити нашата битолчанка  Мила Ивановска (14) , ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, објавува порталот Апла.

Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки годинава започна на 3 декември  и трае се до утре во градовите  Арнхем и Најмеген, Холандија.

Ивановска е единствената од шесте натпреварувачи од Македонија кои настапија во два тима по тројца натпреварувачи  (двајца ученици од Битола и по еден од Скопје, Охрид, Прилеп и Гевгелија), која успеа да освои трето место и бронзен медал на натпреварот по физика, хемија и биологија одговарајќи три дена на прашања и задачи, а еден ден бил посветен на експерименти.

Ивановска и вториот натпреварувач од Битола, Леонид Сајков за натпреварот беа подготвувани од професори од Гимназијата во Битола како и професори од Институтот за физика, биологија и хемија  при Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Шесте ученици победија на Првата македонска олимпијада по природни науки, која се одржа кон крајот на август на ПМФ, а ја организираа Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Околу патните трошоци за нашите натпреварувачи се погрижи и Агенцијата за спорт и млади. Инаку Ивановска и до година може да учествува на истиот натпревар кој ќе се одржи во Боцвана, Јужна Африка,  објавува  Апла.мк.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail