sara.jpg

Tанчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Дансерс јунајтед МК“ го освоија бронзениот медал на Светското првенство во модерни танци, што се одржува во Копенхаген, Данска.

Екипата е составена од танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски, предводени од нивните ментори и тренери Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска.

– Горди на нашите танчери, ја носиме бронзата во Македонија – рече Сара Кочан.

Танчарите од „Дансерс јунајтед МК“ се натпреваруваа во интегративна паратанц група во хип хоп. Првото и второто место во оваа група го освоија танчари од Германија.

Ова е второ учество на танчарите со Даунов синдром на Светското првенство во модерни танци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail