Бугарија: Секое трето дете вели: Читањето е губење време!

deca-1.jpg

Околу една третина од децата го сметаат читањето за губење време, покажува истражување на меѓународниот Центар за контрола и оценка на квалитетот на образованието (ПИСА).

– Дури 40 отсто од учениците рекле дека не можат да дочитаат една книга до крај, зашто им здодева уште во втората или третата минута. Учениците, коишто читаат од задоволство, имаат повисоки оценки на училиште, посочува Милена Дамјанова, претседател на бугарската парламентарна Комисија за образование и наука за бугарскиот портал „Монитор”.

Податоците на ПИСА велат дека последниве години тоа е тренд коишто го опфаќа целиот свет: учениците се повеќе се оддалечуваа од книгата.

Така на пример, во државите од Организацијата за економска соработка и развој, приближно 37 отсто од децата не го сметаат читањето за задоволство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail