Меморандумите предвидуваат академска соработка, изработка на заеднички наставни програми преку кои студентите од Северна Македонија и Бугарија ќе можат да добијат двојни дипломи
Високата школа за осигурување и финансии од Бугарија потпиша меморандуми за соработка со приватните универзитети во Северна Македонија – Универзитетот АУЕ-ФОН, Скопје, Универзитет Американ Колеџ, Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово.
Како што јави МИА од Софија, меморандумите предвидуваат академска соработка, изработка на заеднички наставни програми преку кои студентите од Северна Македонија и Бугарија ќе можат да добијат двојни дипломи.
Соработката ќе обезбеди и нови регионални можности за стекнување докторски, магистерски и дипломски студии по економија, бизнис и претприемништво.
Во текот на разговорите меѓу ректорот на Вишата школа за осигурување и финансии проф. Борис Велчев и ректорите на трите универзитети во Република Северна Македонија договорена е примена на практиката на студентска мобилност за студирање во странство и да вршат блиска размена на научни материјали, публикации и информации во интерес на студентите.
Како што јави МИА, Вишата школа за осигурување и финансии е првиот бугарски приватен универзитет специјализиран во областа на бизнисот, финансиите, осигурувањето, менаџментот, маркетингот и претприемништвото.
извор: 360stepeni.mk