Буткајте, ни требаат пари: Протече скандалозен меил од деканот на Медицина

studenti-medicina-lekari-520x291-1.jpg

Скандал ја тресе Високата медицинска школа во Ќуприја. Студентите дошле до меил од директорот во кој од професорите се бара да ги зголемат критериумите за полагање на испиите за да не им бидат намалени платите. Мејлот бил испратен кон крајот на октомври минатата година на четири шефа на катедри, а се однесувал на јануарската сесија.

 

Деканот барал бројот на студенти кои положиле да се намали за 20-30 отсто.
Деканот предупредува во мејлот дека големиот процент положени студенти е скап за Школата и ако продолжи таа пракса ќе биде принуден да им ги намали платите на професорите.
Зборвајќи за лошата еконмска ситуација во која се наоѓа установата, тој додава насоката дека не се однесува на „студентите кои знаат“, што кај стдентите предизвикува дополнителен револт.
Деканот потврдил за „Блиц“ дека го испратил мејлот, а вели дека се решил на тој чекор откако службата која го следи квалитетот утврдила дека проодноста е многу голема.

– Се подготвуваме за реакредитација, а големата проодност значи дека има ниски критериуми. Слушам дека за нашата Школа се зборува „Влези – излези и си дипломирал“. Школата е во одлична финансиска состојба, а така им напишав на професорите за да ги раздрмам. Ако продолжат вака нема да можеме да се реакредитираме. Секако дека студентите кои знаат ќе положат, така пишува и во меилот.
Деканот вели дека овој меил не „протекол од Викиликс“, туку од професорот по анатомија, кој му се осветува затоа што го сменил од функција која ja злоупотребил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail