Центарот за електронско учење на УГД учествуваше на првиот македoнски Moodle moot

Centarot-za-elektronsko-uchenje-na-UGD-uchestvuvashe-na-prviot-makedonski-Moodle-moot.jpg

Центарот за електронско учење на УГД учествуваше на првиот македoнски Moodle moot

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на Осмиот регионален и прв македонски Moodle moot, кој во организација на Академијата „Смилевски“ се одржа во Битола. На настанот беше претставена примената на електронското учење и платформата МУДЛ преку поставување курсеви, претставување на активностите и ресурсите, како и примена на МУДЛ во сите видови на образование.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Проф. д-р Зоран Здравев од УГД потенцираше дека од формирањето на УГД, од 2007 година, главна парадигма е сѐ што се работи на Универзитетот да биде дигитално.

УГД е комплетно дигитализиран од самиот почеток. Електронското учење е почнато веднаш по формирањето на УГД, во 2009 година и официјално преку формирањето на Центарот за електронско учење постигнавме секој наставник, професор, асистент да има пристап до платформата за електронско учење и ги поставува своите курсеви на платформата, каде што можат да ги видат и студентите – изјави Здравев.

На дводневната конференција тимот од Центарот за електронско учење на УГД ги претстави придобивките кои ги имаат студентите од примената на платформата МУДЛ.

Учесниците на конференција и работилниците беа запознати со темите МУДЛ како организациска алатка во образованието на ниво на универзитет, факултет, во средно и во основно образование, како и примена во неформалното образование и приватните училишта за странски јазици, информатика и математика. За време на дводневната конференција учесниците имаа можност да се запознаат со платформата и нејзините можности за користење во наставата. Експертите од електронското учење со платформата МУДЛ ги запознаа и со можностите на МУДЛ и за помошните софтвери за предавање кои претставуваат неопходни алатки за работа во компјутерската училница, како и за конференцискиот сервис ZOOM, кој заедно со МУДЛ и помошните софтвери за предавање претставуваат одлична комбинација за спроведување на електронска настава, а воедно и далечинска настава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top