093113petok29dekemvri2017lele-02.png

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на неопределено време во Дирекцијата за информатички технологии и тоа за следниве работни места:

 

  1. 1.     Стручен соработник – администратор на оперативни системи

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)

Неделно работно време: понеделник – петок

 

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

–       инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;

–       имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски  проблеми, оперативни системи и системските продукти;

–       следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;

–       превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување  на проблемите и замена на делови;

–       врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;

–       планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;

–       изработка на безбедносни копии и обновување;

–       изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;

–       координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;

–       конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;

–       извршување на однапред временски дефинирани задачи за оддржување на системитe;

–       изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;

 

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;

–          самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          солидни комуникациски способности;

–          позитивен приод кон работата;

–          висок степен на прецизност;

–          поседување на високо образование од областа на информатичките технологии, како и  претходно работно искуство од оваа област ќе се смета за предност.

 

Минималната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 37.000 денари, со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.

 

  1. 2.     Соработник за корисничка и техничка поддршка

 

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)

Неделно работно време: понеделник – петок

 

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

–       помош на корисниците при работата со компјутерска опрема, решавање на рекламации на корисниците,

–       решавање на технички проблеми на корисници на електронско банкарство, комуникација и техничка подршка на клиенти кои го користат севисот и по потреба интервенција на лице место;

–       дистрибуирање, инсталирање и поставување на програмска опрема на персонални компјутери и сервери;

–       одржување на регистарот на машинска, програмска и комуникациска опрема;

–       водење на архива на магнетни носачи на податоци;

–       следење, дистрибуирање и надзор на влезно излезните податоци и подготовка и пренос

на датотеки;

–       контролирање и дистрибуирање на компјутерски резултати од обработки;

–       спроведување и проверка на безбедносното копирање на информациските системи;

–       подршка при инсталација и одржување на сертификати и клучеви;

–       решавање на рекламации на корисниците;

–       разрешување или процесирање на барања од helpdesk апликација како и останати барања од вработените поврзани со конкретното работно место;

–       средување на работната документација;

–       учество во изготвување на политики, правилници, одлуки и упатства за работата на организационата единица.

 

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии

–          самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          одлични комуникациски способности;

–          позитивен приод кон работата;

–          висок степен на прецизност;

–          поседување на високо образование од областа на информатичките технологии, како и  претходно работно искуство од оваа област ќе се смета за предност.

 

Минималната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 18.000 денари, со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.

 

***

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.

 

Огласот ќе биде активен заклучно со 12.01.2018 година.

 

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail