Церемонија на доделување награди за натпреварот „Спелинг би“ 2018

Ceremonija-na-dodeluvanje-nagradi-za-natprevarot-Speling-bi-2018.png

Церемонија на доделување награди за натпреварот „Спелинг би“ 2018

Церемонијата на доделувањето на награди на Националниот натпревар се одржа на 14 мај, 2018 година во Скопје, во просториите на Мировниот корпус во Македонија.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

По завршување на регионалниот и на националниот натпревар кои се одржаа во текот на март и април во Кампусот на УЈИЕ во Скопје, 21 талентирани ученици од цела Македонија добија награди од Амбасадорот на САД, Неговата екселенција Џес Бејли Овогодинешниот натпревар беше предизвик за повеќе од 3,000 ученици од основните и од средните училишта кои учествуваа во различни фази и категории на натпреварот.

Во името на УЈИЕ, Беса Битиќи, директор на Јазичниот центар и координаторот на настанот Ели Досон- Фулбрајтов експерт ги доделија наградите на победниците. Амбасадорот на САД, Џес Бејли и директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин изразија задоволство за натпреварот и благодарност до Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и за придонесот во текот на сите фази на настанот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top