Церемонија на Националниот натпревар Spelling Bee 2017

picture1547.png

еремонијата на доделувањето на награди на Националниот натпревар се одржа во Среда 31 мај, 2017 година, во просториите на Мировниот Корпус во Македонија.

Во текот на април и мај во кампусот во Скопје, УЈИЕ беше домаќин на регионалниот и на националниот натпревар Spelling Bee 2017. 21 талентирани од цела Македонија добија награди од aмбасадоротна САД, Неговата Екселенција Џес Бејли. Oвогодинешниот натпревар беше предизвик за повеќе од 4.000 ученици од основните и средните училишта кои учествуваа во различни фази и категории на натрпреварот.

Беса Битиќи, директор на Јазичниот Центар и координатор на настанот им додели подароци на победниците и воедно прими Сертификат за Благодарност на име на УЈИЕ. Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханнафин, го изразија своето задоволство од натпреварот и благодарност до Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и придонесот што го дадоа за и во текот на целиот натпревар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail