Чаша црвено вино има сличен ефект како и физичка активност

vino-benefiti-istrazuvanja-novo-03.jpg

Истражување покажало дека прескокнување на терминот во теретана поради пијалок и не е така лошо. Ако повеќе уживате во чаша црвено вино, отколку во теретана, оваа вест сигурно ќе ве воодушеви.

Универзитето Алберта во Канада спровел истражување кое покажало дека здравствените бенефити од ресвератролот, соединението кое е застапено во црвеното вино, се слични на оние кои ги добиваме со вежбање.

Според зборовите на водечкиот истражувач, оваа вест ќе ги израдува сите оние кои немаат навика да вежбаат често. Ресвератролот добиен од црвеното вино ја подобрува физичката способност, функцијата на срцето и силата на мускулите, на ист начин како и вежбањето во теретана. Се верува дека истото соединение би можело да им помогне на луѓето кои сакаат да вежбаат но се слаби. Секако мора да се напомене дека позитивните ефекти се добиваат само со умерено косумирање на црвено вино.

Постои добра вест и за оние кои не се љубители на алкохолот или виното, а тоа е дека расвератролот не е содржан само во црвеното вино. Тој може да се најде во изобилство и во боровниците, путер од кикирики, црно грозје и црно чоколадо. Но важно е да се знае, дека не постои ништо подобро од балансирана исхрана.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail