Часовник на Пол Њуман продаден за рекордни 17,8 милиони долари

reoleks.jpg

Рачен часовник „ролекс дејтона“ што некогаш му припаѓал на легендарниот актер Пол Њуман, стана најскапиот часовник што некогаш е продаден на аукција. На аукцијата во Њујорк била постигната цена од 17,8 милиони долари.

Првично се очекувало рачниот часовник да достигне цена до 1 милион долари. По 12-минутно наддавање, часовникот на Њуман завршил кај купувач кој се јавил по телефон и сакал да остане анонимен. Инаку, часовникот актерот го добил на подарок од сопругата, актерката Џоан Вудворд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top