cernobilll.jpg

Првата пловечка нуклеарна централа доби дозвола за работа, а ќе може да произведе доволно топлинска и електрична енергија за напојување на поголем град.

Пловечката електрана наречена „Академик Ломоносов“ ја изгради Русија и ќе служи за производство на топлинска и електрична енергија во оддалечените руски региони на Арктикот. Кон крајот на август, електраната ќе пристигне во Певек, град на арктичкиот брег, а во декември ќе започне да испорачува струја со што ќе стане најсеверната нуклеарна централа на светот.

Чукотка каде што се наоѓа градот Певек е еден од најизолираните региони во Русија. Таму лошите временски услови го комплицираат градењето на поголемите објекти, па пловечката нуклеарна централа ќе стане еден од клучните инфраструктурни проекти во развојот на руската северна поморска рута.

Академик Ломоносов“ има два реактори „КЛТ-40С“ кои можат да произведат до 70 мегавати струја и 50 гигакалории топлинска енергија на час. Реакторите се всушност модифицирани верзии на „КЛТ-40М“ кои ги користат руските нуклеарни мразокршачи.

Една единица има доволно енергија и топлина да ги задоволи потребите на град со 100 илјади жители, а работниот век на електранта ќе биде 40 години, со тоа што ќе може да се продолжи на дополнителни 10.

Ова ќе биде првата, од предложените неколку пловечки електрани кои ќе сочинуваат една флота која ќе обезбедува електрична и топлинска енергија во најоддалечените руски региони.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail