Чешкиот центар во Њујорк организира проекција и средба со Милчо Манчевски

mkd-297432.jpg

Проекцијата на филмот „Пред дождот“ проследена со разговор со македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски во Чешкиот центар во Њујорк ќе се одржи на 8 декември во рамките на серијата „Прозорец кон европскиот филм“.

Во најавата на настанот Чешкиот центар во Њујорк ги потенцира двете најзначајни награди што филмот „Пред дождот“ (1994, 113 мин., Велика Британија, Франција, Македонија) на Милчо Манчевски ги доби веднаш по неговото појавување, односно Номинацијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје и „Златен лав“ на 51. Филмски фестивал во Венеција.

Во текстот на „Criterion Collection“ за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски пишува: „Првиот филм на Милчо Манчевски во (тогаш) новата независна држава Република Македонија со наслов ’Пред дождот‘ ги вкрстува приказните на православен христијански монах (Грегори Колин), британски фото-агент (Катрин Картлиџ) и македонски воен фоторепортер (Раде Шербеџија) сликајќи портрет на зовриени етнички и религиски тензии кои стигнуваат до точката на вриење. Снимен во времето на разорните војни меѓу Балканските држави во 90-тите години на минатиот век, овој филмски триптих на љубовта и насилството е безвремена евокација на загубената пасторална невиност и едно од најмоќните современи филмски дела кои ја покажуваат бесцелноста на војната“.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail