Четири големи градови во светот ветија укинување на дизел возилата до 2025 година

zabrana.jpg

– Мексико, Париз, Мадрид и Атина ветија укинување на употребата на дизел возила до 2025 година.

Спогодбата беше објавена претходно оваа недела на средбата на иницијативата Си 40 (C40), која ги обединува некои од најголемите градови во светот зад каузата да се намали емисијата на јаглерод диоксид.

Укинувањето на дизел автомобилите беше цел, која градоначалникот на Париз Ан Идалго си ја постави кога ја презеде функцијата во 2014 година. Тогаш таа како пример го посочи Токио.

– За Франција тоа е голем пресврт, бидејќи пред повеќе од 20 години владата го означи дизелот како иднината на градската мобилност и го поддржа, рече Идалго.

Сега признавајќи дека честичките, емитувани при согорувањето на дизелот можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми Идалго ги повика владите во светот да извршат влијание врз производителите.

– Во Париз има 2.500 случаи годишно поврзани со загадување на воздухот, додаде таа.

Градоналачникот на Мексико Анхел Мансера изјави дека дизел автобусите во градот етапно ќе бидат укинати и заменети со алтернативни.

– Во целина автобускиот превоз ќе биде заменет со хибридни превозни средства, рече тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail