Четири најчести симптоми тумор на мозокот

mozok-tumor-640x426.jpg

Туморите на мозокот настануваат во различни облици и големини па така се разликуваат и нивните симптоми.
Важно е да знаете да ги препознаете, иако симптомите често се нејасни. Затоа потребно е да обрнете внимание на некои од нив. Симптомите може да се разликуваат од личност до личност, но разликата е и во интензитетот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

1. Напади

Околу 60 отсто пациенти со тумор на мозокот, додека туморот расте, имаат најмалку еден напад, кој ја попречува нормалната активност во мозокот. Како и туморите, нападите доаѓаат во разни облици, од грчење на целото тело до трзање во едниот зглоб или делот на лицето.

2. Промени во памтењето

Туморите можат да предизвикаат дупки во сеќавањето, особено краткотрајни, како и проблеми со говорот. Може да дојде до губиток на рамнотежата и тешкотии со моторичките способности како пишувањето.

3. Слабост во мускулите

Ако почувствувате губиток на силата, слабост или вкочанетост во рацете, нозете или лицето кои траат нешто подолго секако треба да се обратите кај лекар.

4. Главоболка

Секако не значи секоја главоболка и тумор на мозокот. Но, ако имате болки во главата кои се јавуваат или влошуваат во текот на подолго време, секако посетете лекар, особено ако тоа се случи кога станувате наутро. Главоболките можат да бидат тешки и често се поинтензивни ако сте поактивни, пишува „Вуменс хелт“.

Тука е важно да се истакне и дека наведените симптоми воопшто не мора да имаат врска со туморот туку со некоја друга здравствена состојба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top