Четириесет компании апелираат за намалување на загадувањето на океаните со пластика

patch2.jpg

Ако не се преземат мерки поради огромното загадување, океаните ќе имаат повеќе пластика отколку риби, предупредуваат 40. најголеми индустриски групи во светот.

На иницијатива на британската морнарка Елен Маккартер, компаниите го испратија апелот пред денешниот почеток на Светскиот екононски форум во швајцарското одморалиште.

Според истаражувањата 20 проценти од произведената пластика во светот може да биде искористена повторно, а 50 проценти рециклирана. Ако не биде измислена нова фундаментална концепција другите 30 отсто пластика никогаш нема да бидат рециклирани. Поради тоа 40. најголеми компании во светот, меѓу кои „Данон“, „Дау кемикл“ и „Јуниливер“, еден од најголемите производители или потрошувачи на пластика, апелираат за промена.

Целта е да се изнајде начин за производство на пластика, која ќе биде полесна за рециклирање и ќе предизвикува помала штета на животната средина и на океаните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail