Четврто издание на настанот „Code App, Level Up”

27835653_2057539864272390_1511875130_o.jpg

Четврто издание на настанот „Code App, Level Up”

Почитувани студенти,

EESTEC LC Skopje и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство – Скопје со гордост Ви го најавуваат четвртото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up”.

Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката “Општествено одговорни веб страни”,  каде би можеле Вашето знаење да го проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:

Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се:  Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од Техничкиот Кампус при универзитетот “св. Кирил и Методиј”.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите ТУКА.

Доколку сакате да знаете повеќе за настанот, посетете ја официјалната Facebook страна на EESTEC LC Skopje.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top