Чинија од династијата Синг стана највредното парче кинески порцелан

par.jpg

Чинија стара околу илјада години од кинеската династија Сонг, е продадена за 37,7 милиони долари на аукција, соборувајќи го досегашниот рекорд за кинески порцелан, соопшти аукциската куќа „Сотебис“, а пренесе британски „Гардијан“.

Почетната цена на садот беше 10,2 милиони долари, на аукцијата која траеше 20 минути, кога анонимен купувач телефонски ја упати рекордната понуда.

Чинијата со дијаметар од 13 сантиметри, која потекнува од периодот помеѓу 960 и 1.127 година, го надмина претходниот рекорд од 36,05 милиони долари поставен во 2014 година, со продажбата на пехар за вино од династијата Минг, на тајкун од Шангај.

Првобитната намена на вредниот сад била за миење на четки, а станува збор за исклучително ретко парче порцелан од династијата Синг, едно од четирите кои се во приватна сопственост.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail