Чип од еден цент може да дијагностицира сѐ, од рак до ХИВ

cipp.gif

Научници од Станфорд креираа нова евтина алатка која може да биде пресврт во медицината. Станува збор за чип чие производство чини 1 цент, но е подеднакво прецизен како и чип кој чини 100.000 долари.

Научниците ги објавија резултатите од истражувањето во Proceedings of the National Academy of Sciences. Чипот може да се користи повеќе пати, за негово креирање се потребни 20 минути, а може да се дијагностицираат повеќе болести.

„Колку што ни е познато, ваква платформа со слична функционалост, цена и предност, досега не постои“, вели Роналд Дејвис, лекар и дел од тимот кој го развива уредот.
Новиот inkjet-отпечатен чип (flexible inkjet-nanoparticle-printed biochip) FINP е модуларен. Чипот е составен од три слоја. Првиот може да се испринта со помош на стандарден ink-jet печатар, а за дизајнирање на колото може да се користи било каков софтвер за векторско-цртање, вели Futurism. На последниот слој се наоѓаат телесните течности кои се анализираат.

Електричните кола кои се принтаат, ќе се дизајнираат во зависност од потребите. Овие кола ќе овозможат во засебни делови да се таложат различни молекули. Молекулите ќе се поделат според своите специфичности, пример: големина, форма, густина. Овој елемент во иднина ќе може да се преземе од интернет и да се отпечати.

Дел од болестите, како ХИВ или маларија, не ги зафаќаат сите клетки. Поради ова самото тестирање е проблематично. Затоа пред 15 години научницте започнаа да го менуваат процесот. Научниците овозможија преку мерење на био-маркери да се тестираат пациентите. Токму ова се прави и со новиот чип.

Она што е најпозитивно е дека FINP чипот кој што чини 1 цент, покажува исти резултати како и конкуренцијата од 100.000 долари. Можноста за преземање и принтање на елементите овозможува значителна мобилност, и можност за подобра здравствена грижа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail