Чоколадото е добро за вашето срце

chocolate-negro.jpg

Чокохоличарите имаат причина да се радуваат. Една студија покажала дека нивниот порок може да биде здрав за срцето.

Истражувањето чии резултати се објавени во „British Medical Journal: Heart“ покажале дека умереното внесување на чоколадо го намалува ризикот од фибрилација на срцевите предкомори, состојба која погаѓа околу 8,8 милиони луѓе во ЕУ и се поврзува со зголемениот ризик од срцеви удари, откажување на срцето, когнитивно опаѓање и деменција.

Истражувањето био спроведено во период од 1993 и 1997 година на 55.000 Данци на возраст помеѓу 50 и 64 години. На почетокот на студијата биле соберени податоци за нивната здравствена состојба, животни навики и навики во исхраната, а секој од учесниците требал да одговори на прашања за тоа колку често јаде чоколадо.

Со контролирање на нивната здравствена состојба се покажало дека испитаниците кои јаделе две до шест порции чоколадо неделно биле помалку наклонети кон развој на фибрилација на срцевите предкомори во однос на оние кои јаделе само едно парче чоколадо месечно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail