Чоколадото e корисно за срцето

cokolado-i-srce.jpg

Еве една добра вест за љубителите на чоколадото. Редовното конзумирање на умерени количини на чоколадо го намалува ризикот од појава на една, потенцијално опасна состојба на срцето, наречена фибрилација на срцевите преткомори (атријална фибрилација-АФ), велат истражувачите од Харвард.

Оваа состојба се поврзува со зголемен ризик од мозочен удар, откажување на срцето и когнитивен пад.

Истражувачите направиле анализа на податоците на над 55.000 Данци на возраст помеѓу 50 и 64 години, земени од една студија (Danish Diet, Cancer and Health Study), спроведена во 1990-тите. Земени се податоци за нивната здравствена состојба, а секој од нив требало да пополни детален прашалник за навиките во исхраната и колку често јаделе чоколада.

Авторите откриле дека во периодот од 13,5 години колку биле следени, 3.346 лица развиле атријална фибрилација. Кога ги споредиле навиките за јадење чоколадо откриле дека ризикот за појава на атријална фибрилација бил:

за 10 проценти помал за лицата кои јаделе една до три порции ( околу 30гр, или 3-4 коцки) чоколадо месечно
17 проценти помал за лицата кои јаделе една порција неделно
20 проценти помал за лицата кои јаделе две до шест порции неделно
16 проценти помал за лицата кои јаделе една или повеќе порции дневно.
Податоците биле слични и за мажите и за жените, нагласуваат истражувачите.

„Она што сакаме да кажеме е дека умереното конзумирање на чоколадо може да биде дел од здравата исхрана“– вели Елизабет Мостофски, водачот на истражуањето.

Во истражувањето не е разгледувано кој тип на чоколадо конзумирале испитаниците, но Мостофски исакнува дека колку е потемно чоколодото, тоа содржи повеќе флавониди, антиоксиданти кои се важни за одржување на здравјето на крвните садови.

Сепак, ова автоматски не значи дека треба да се јадат големи количини на чоколодо, вели москофски. „Умерени количини црно чоколадо, како дел од здравата исхран

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail