Chrome станува уште побезбеден, новите опции предупредуваат за кражба на лозинка и идентитет

udzgglikbh.jpg

Google ќе додаде неколку нови функции во Chrome за да го направи сурфањето на интернет побезбедно.

За почеток, следниот пат кога ќе се обидете да се најавите на некоја веб локација, Chrome ќе ве предупреди ако вашето корисничко име и лозинка се загрозени поради повреда на податоци.

Исто така, ќе Ви предложи да ја смените било која лозинка која порано сте ја користеле, пренесува Endgadget.

Според компанијата, оваа функција е нешто на што Google работи веќе некое време. Започна со екстензија во февруари, а во октомври функцијата е вградена директно во Google налозите.

Исто така, Google додава заштита од кражба на идентитет во реално време. Иако Chrome веќе ве предупредува кога се префрлате на веб локација која би можела да ви ги украде податоците, Google вели дека оваа нова функција ќе ве предупредува за потенцијална закана дури 30 проценти поточно.

Покрај тоа, Chrome исто така ќе сигнализира ако се обидете да ја внесете лозинката за Google на веб локации сомнителни поради „фишинг“. Оваа опција ќе работи со сите лозинки кои сте ги зачувале во Chrome.

И на крај, Google ќе го прилагоди Chrome да ве предупредува ако ја зачувате лозинката на друг компјутер или на друг профил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail