ЧУДО: Научниците сакаат да создадат Мамут

mamut.jpg

За две години може да биде создаден хибриден ембрион на азиски слон со некои карактеристики на исчезнатото животно. Мамутите исчезнале од Земјата пред 4000 години, но сега научниците велат дека има начин да го воскреснат древното животно,  со некои промени, преку амбициозен подвиг на генетското инженерство, објави “Гардијан”.

Проф. Џорџ Черчил вели дека неговиот тим во Харвард се надева дека за две години ќе се создаде хибриден ембрион во кој карактеристики на мамути ќе бидат поставени во азиски слон.

“Целта ни е да направиме хибриден слон-мамутски ембрион. Фактички ќе личи повеќе на слон, но со бројни мамутски лузни “, рече тој. Создавањето, што понекогаш го нарекуваат мамутослон, ќе е само делумно слон, но ќе има мали уши, поткожните маснотии, долга брановидно крзно и ќе биде прилагодено на студот. Гените одговорни за овие карактеристики, ќе бидат вметнати во слонската ДНК со помош на технологија за генетски уредување наречена CRISPR-Cas9.

Досега тимот правел промени на клеточно ниво, но оди напред кон создавање на ембрион, иако предупредува дека се потребни години за “правење” на живо суштество.

Од почетокот на проектот во 2015 година научниците го зголемија бројот на “експерименти”, при што мамутскаата ДНК се вметнува во геномот на слон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail