ЦИА користела мачки за шпионирање

macki.jpg

„Викиликс“ објави податоци според кои ЦИА ги прислушкува корисниците на паметни телефони и телевизори, и наведува дека во 60-тите години од минатиот век и мачките биле користени за шпионажа.

Во шпионската кампања на СССР во 60-тите години од минатиот век, ЦИА го разви проектот „Акустична Кити“ во кој биле вложени тогашни 13 милиони долари.

Опашот на мачката служел како антена, која со жица била споена со микрофони во ушите.

Жиците биле скриени под кожата, а батеријата смесена во градите.

„Мачките-шпиони“ никогаш не биле пушени на терен, се тврди во документите на ЦИА, кои ги објавува „Викиликс“.

Виктор Марчети, поранешен агент, го признава постоењето на тој, за мачките нехуман проект.

– Ги отворавме мачките, ја стававме батеријата и ја спроведувавме жицата. Потоа ги тестиравме. Мноструозно!, наведува Марчети

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail