ЦИА предвидува колку жители ќе има Македонија до 2050 година

cia.jpg

Според статистички прогнози на ЦИА, до 2050 година во Република Македонија ќе има за 4,4% помалку жители. Во Црна Гора ќе има за 7,9% помалку луѓе, во Хрватска за 7,7%, во  БиХ за 8,2%. Романија ќе се соочи со пад на населението за 8,2%, а во Грција бројот на жители ќе се намали за дури 10%.

Најцрна прогноза ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2% помалку население.

„Белата чума“ ја зафати цела Европа. Падот во Литванија ќе биде 37,6%, во Молдавија 44,1%, во Летонија 35,8%. Сегашниот мотор на ЕУ, Германија ќе има 12,8% помалку население.

На оваа прогноза единствено Косово ќе има позитивен биланс во однос на останатите земји и тоа дури 17% повеќе граѓани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail