CNN објави листа на 10-те најдобри јадења на светот, еве кои се најдоа на неа

3.jpeg

Храната е сигурно еден од најголемите поттикнувачи за посета на некоја дестинација и истражување на егзотичните краеви. Но, секогаш се поставува прашањето – која храна е највкусна?

За таа цел, “CNN” состави, според нивното мислење, ранг листа од најдобрата храна која човекот некогаш ја создал, а истата изгледа вака:

Кари масаман, Тајланд
Кралот на карито – Масаман, се служи во Тајланд и содржи сè што треба да содржи едно кари: одлично зачинет вкус, сладок, со нота на кокос. Тоа е храната која во Тајланд се продава на секој агол.

Пица наполитана, Италија
Најдобрата пица и понатаму е таа од Неапол, благодарение на високиот квалитет на состојките кои се употребуваат во неа. Морска сол, квалитетно пченично брашно, исклучиво свежи домати, маслиново масло, босилек, рачно месено тесто и ѕидана печка на дрва се неопходни за најпознатата пица да биде онаква каква што треба да биде.

Чоколада, Мексико
Ја има во секоја продавница, но таа оригиналната од Мексико е сепак нешто сосема поинакво. Маите ја пиеле, а подоцна се проширила низ светот и од течен станала тврд производ во кој денес сите уживаат.

Суши, Јапонија
Традиционално јапонско јадење кое до 17-тиот век се припремало потполно поинаку од денес. Илјадници години била употребувана ферментирана риба со ориз која била конзервирана во сол, а помеѓу 17-тиот и 19-тиот век, сушито почнало да се развива во денешниот облик. Во Јапонија, ова е едноставно јадење од ориз и зеленчук или риба, зачинето со оцет кое денес се служи и како брза храна.

Пекиншка патка
Бавно печена во печка, крцкава, прелиена со глазура од малтозен сируп, се послужува со палачинки, лук и сос од соја, лук и чили, или во сладок сос од грав.

Хамбургер, Германија
Дали треба нешто да се каже за популарниот сендвич во пециво чија главна состојка е меленото месо? Видот на месото можете да го прилагодите на својот вкус, како и додатоците од зеленчук, кашкавал и разни сосови.

Пенанг асам лакса, Малезија
Едно од најпопуларните јадења во Малезија се состои од зачинето-кисел бујон (супа) од риба со нудли, чили, нане, лимонова трева, лук, ананас, ѓумбир…

Том јам гонг, Тајланд
Шкампи, печурки, домат, лимонова трева, листови од кафир лимета и галангал (билка слична на ѓумбирот, позната и како тајландски ѓумбир), обично со многу кокосово млеко и павлака – сето тоа ја сочинува специфичната тајландска чорба која ги содржи сите познати вкусови: кисело, солено, луто и слатко.


Сладолед, во целиот свет
Во секоја продавница и слаткарница, а за среќа и насекаде низ светот има сладолед. И покрај тоа што не можеме да се одлучиме само за еден вид сладолед, многумина велат дека италијанскиот е токму најдобриот.

Пилешка муамба, Габон
Пилешко месо, чили, лук, домати, сол, бибер и бамја со многу путер се главните состојки на ова посебно африканско јадење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail