Црногорците бесни: “Не можеме да се капеме бидејќи морето е полно фекалии од крузерите”

breggg.jpg

Мештаните и гостите во населбата Пелузица во Црна Гора се пожалиле на загадувањето, кое, како што тврдат, доаѓа од крузерите.

“Еве веќе неколку дена не можеме да се капеме на Пелузица поради фекалиите. Токму така, добро слушнавте. Имаме и потврда од поморците од овој крај кои пловат на патнички бродови и кои знаат како се третира ваквиот вид на отпади како изгледа подоцна. Се јавивме и во Лучката капетанија, но овој проблем не се решава. Едноставно е неверојатно ова да ни се прави”, рекла една слушателка на Радио Котор, кој исто така тврди дека постојат бродови кои во Бока користат поевтино гориво полно со сулфур, за што Радио Котор веќе пишувало.

Повикот е поткрепен со фотографии од гости од странство, со кои се обвинува брод на позната поморска компанија, фотографиран наводно во моментот на загадување, а кои ќе се проследат до надлежните во Лучката капетанија, за да се процени дали станува збор за еколошки инцидент.

Се тврди и дека локацијата на бродот, морските струи и ветерот, ја насочиле бродската канализација кон брегот на населбата Муо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top