60815746_2299594200256659_8481476836595859456_n.jpg

Црвениот крст на Република Македонија објавува оглас за регрутирање на Практикант за односи со јавност:

Одговорности и задачи:
• Aжурирање на социјалните медиуми на Црвен крст на РМ (Web, Facebook и Instagram страна);
• Подготовка на презентации и промотивен материјал за Црвен крст на РМ (промоција на кампањи преку социјални медиуми);
• Промоција и организација на значајни настани и манифестации на организацијата.

Потребни способности и вештини:
• Одлични комуникациски способности
• Организациски способности
• Мотивирана и стабилна личност
• Иницијативност и тимски дух
• Флексибилност за повремено патување и работа на терен

Очекувани квалификации:
• ВСС од областа на односи со јавност или новинарство
• Претходно работно искуство не е потребно
• Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација
• Работно користење на компјутер – MS office
• Основно познавање на програми за обработка на фотографии (Photoshop)
• Основно познавање на програми за дизајнирање на брошури, материјали и newsletters (Illustrator, InDesign, дизајнирање на Power Point презентации).
• Основно познавање на маркетинг на социјални медиуми (Facebook, Twitter, Instagram LinkedIn)

*Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа
Сите заинтересирани кандидати може да испратат кратка биографија на [email protected] или [email protected], со назнака „Практикант“ најдоцна до 31.05. 2019 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail