Цукерберг го зголеми своето богатство на 87,8 милијарди долари за време на пандемијата

Mark-Zuckerberg-Wealth-2020.jpg

Директорот и основач на најпознатата социјална мрежа „Facebook”, Марк Цукерберг напредуваше на списокот на милијардери на „Bloomberg”, надминувајќи милијардери како Бернард Арно, генералниот директор на францускиот ланец за луксузни добра „LVMH” или Ворен Бафет, директор на „Berkshire Hathaway INC”.

Откако тој самиот објави дека „Facebook” може да профитира од начинот на работа од дома, поради пандемија на коронавирусот, тоа и се случи. „Bloomberg” сега го проценува богатството на Зукерберг на 87,8 милијарди долари, додека на Бернард Арно тоа изнесува 81,1 милијарди долари, а Ворен Бафет „тежи” 68,9 милијарди долари, пренесува „Business Insider”.

Пред една година, листата на „Bloomberg” изгледаше поинаку. Богатството на Зукерберг во мај 2019 година беше проценето на 72,5 милијарди долари, на Бернард Арно на 89,6 милијарди долари, додека на Ворен Бафет на 83,5 милијарди долари.

До пред еден месец, и Бафет и Арно имаа поголемо богатство од основачот на „Facebook”, но ситуацијата се промени како резултат на влијанието на пандемијата на коронавирусот врз нивниот бизнис. Нето богатството на Зукерберг во април беше 68,1 милијарди долари, а денес тоа е зголемено за речиси 20 милијарди и изнесува 87,8 милијарди долари.

„Работата од дома, на далечина ќе ни даде можност да ги унапредиме некои од најважните идни технологии на кои работиме. Голем дел од она што досега го работевме и сеуште го работиме им помага на луѓето полесно да комуницираат и да се чувствуваат поврзани и покрај тоа што не се физички заедно“, рече Зукерберг во своето онлајн обраќање.

Извршниот директор на „Amazon“, Џеф Безос и основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, сè уште се најбогатите луѓе во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail