Цукерберг ќе лови терористи со помош на вештачка интелигенција

facebook-1.png

Како што објави првиот човек на најголемата социјална мрежа на светот, Фејсбук во иднина ќе ги открива терористите со помош на вештачка интелигенција.

Цукерберг ја откри визијата за иднината на Фејсбук и порача дека се согласува со дел од медиумите дека оваа социјална мрежа полека се претвора во глобално движење.

Тој порача дека додека Фејсбук во минатото се ориентирал на поврзување на пријателите и семејството, во иднина фокусот ќе биде ставен на „развивање на инфраструктурата на заедницата“, со акцент на безбедноста.

Посебно тоа се однесува на борбата со лажните вести и со посериозната работа, односно со насилните и терористички содржини. Цукерберг призна дека направиле грешка со неозначувањето на лажните вести, но порача дека било невозможно да се прегледуваат милиони вести секој ден.

Сепак, за одреден дел од насилните објави ќе биде задолжена вештачката интелигенција. Шефот на Фејсбук верува дека во иднина вештачката интелигенција поефикасно и побрзо ќе може да ја прегледува објавената содржина на оваа социјална мрежа и посебно нагласи дека вештачката интелигенција ќе може навремено и подобро од луѓето да препознае опасност како планирање на терористички напади со користење на приватни канали.

Моментално инжинерите на Фејсбук развивале алгоритми кои што треба да ги разликуваат вестите за тероризмот од терористичките пропаганди, а за да се развие тоа сепак ќе треба да помине подолго време. Потребно е вештачката интелигенција значително да напредува за да може да препознае текст, фотографии, видеозаписи и да филтрира непримерна содржина, вели Цукерберг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail