biban-660x330.jpg

Д-р Јадранка Бибан е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено проговорија за значењето на исхраната во превенција и лекување на современите хронични болести. Таа е специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за превенција и лекување на болестите со храна и со здрави животни навики. Таа е еден од практикантите и поддржувачите на таканаречената „Медицина – Животен Стил“.

Таа на својот Facebook профил редовно ги критикува работите кои ни се случуваат во здравството: „Милиони евра државата одвојува секоја година за купување на скапи лекови. Милиони евра се одвојуваат од нашите даноци за да се исплатат и наполнат касите на фармацевтските компании. Една држава со толку мал број на население и 12% болни од дијабет е катастрофален пораз за целиот здравствен систем.

По не знам кој пат јавно се нудам како доктор и како стручњак кој длабоко навлегол во истражување на значењето на исхраната во лекување на хроничните болести професионално да помогнам.
Дајте ми ги клиниките да ја организирам исхраната на болните, отворете државна установа каде ќе можам бесплатно да ги едуцирам не само болните туку и сите граѓани на државава како треба да се хранат за да се заштитат и за да излекуваат хронична болест. Овозможете овие информации и услуги бесплатно да дојдат до сите граѓани на Македонија, зашто и оние кои немаат да платат за здравствени услуги имаат загарантирано право на здравје.

Ве молам, проширете го овој повик, нека дојде до надлежните, нека дојде до министерот, до премиерот. Нека добијат можност да направат нешто навистина вредно за нивниот народ, напиша Д-р Јадранка Бибан.

Извор:biznisvesti.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail