Д-р Синоличка Џамбазовa стекнува искуство од најдобрите хирурзи за рака во Европа

sinolicka1-3-640x359.jpg

По Милано,  д-р Синоличка Џамбазова со нови оперативни техники се врати од Аристотел Универзитетот во Солун, каде учествуваше на семинар “Tрансфер на тетиви на горен екстремитет на кадавери”, единствен од ваков тип во Европа.

sinolicka

-Учев од најдобрите хирурзи за рака-врвни експерти во оваа област. Беспрекорна организација која беше на многу високо професионално ниво, со сите технички ресурси кои овозможуваат совладување на оперативни техники, за примена кај пациенти со притиснати или повредени нерви на раката (од нефункционална шака после оперативниот зафат се добива комплетно функционална рака), изјави за zdravstvo24.mk д-р Синоличка Џамбазова.

Таа додаде дека стекнатото искуство е огромна придобивка за македонските пациенти, кои решението за својот здравствен проблем повеќе нема да го бараат надвор од нашата земја. Со својот престој и комуникацијата со колегите од соседната држава д-р Синоличка Џамбазова вели дека е воспоставен е нов мост на пријателство со Клиниката за ортопедски болести ( Г. ПАПАНИКОЛАУ-Солун,Грција ).

Наскоро, на покана на професорот Панагиотис ,д-р Џамбазова ќе обави работна посета на одделот за хирургија на рака.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail