„Да се стават повисоки даноци на роботите, за луѓето да не ги загубат работните места“

bil-gejts.jpg

Роботите веќе околу една деценија полека ги одземаат работните места на многу луѓе, особено во производството на електронска опрема и автомобили. Затоа, најбогатиот човек на планетава предложи да се стават повисоки даноци на роботите, со цел да не се зголеми невработеноста наеднаш.

Многумина веројатно веројатно го знаат само како основачот на Microsoft, но Бил Гејтс сега има фондација која се бави со филантропија. Тој вложува во многу сектори, а особено во областа на медицината и развојот на нови лекови против засега неизлечиви болести, како и во областа на едукацијата и школувањето.

Неговата филантропија често ја преточува во дело – сега во интервју за Quartz, тој изјави дека властите низ светот треба да стават повисоки даноци на роботите, со цел да се намали невработеноста.

Неговиот план е тие пари потоа да се вложат во тренинг и развој на вештини и знаења за луѓето, кои се потребни за работни места кои не би можеле да ги прават роботи. На овој начин, според него ќе се намали драматичниот раст на невработеноста.

Од друга страна, ваквите даноци би можеле да влијаат негативно на развојот на многу компании, но и нови технологии и техники на производство. Исто така, покачен данок на роботите би ја покачил и цената на многу уреди и дури и на храната, бидејќи преработената храна главно се произведува со помош на роботизирана технологија.

Европскиот Парламент веќе го одби евентуалниот данок за роботите, во рамки на земјите на ЕУ. Наместо тоа, тие изготвија водич за етика при креирањето и користењето на роботите, вклучувајќи одговорност доколку нешто појде на лошо.

Сепак, според Гејтс, многу од владите ќе мораат да изготват некој план со кој ќе го намалат проблемот со невработеноста и засега ниту една власт во светот нема преземено нешто околу тоа.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail