Дајмлер ќе инвестира милијарда долари во фабрика во САД

dajmler.jpg

Инвестицијата е најверојатно последица на неодамнешната забрана за увоз на автомобили и авто-делови на Мерцедес поради неисполнување на прописи во САД

Германскиот автомобилски производител, компанијата Дајмлер планира да вложи милијарда долари во фабрика во Алабама, САД. Таа ќе биде наменета првично за теренски модели, коишто Мерцедес Бенц ќе ги произведува пред се за американскиот пазар.

Покрај тоа, фабриката ќе има и погон за производство на батерии за електромобили, каде ќе се отворат 600 работни места.

Инвестицијата е најверојатно последица на неодамнешната забрана за увоз на автомобили и авто-делови на Мерцедес поради неисполнување на одредени прописи во САД.

Почетокот на производството на Мерцедес електромобили во САД, е предвиден за 2020 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail