Дал отказ и последните 200 долари ги вложил за работа на интернет- За 3 месеци станал милионер

milioner-siromasen2.png

Тревор Чепмен (33) работел како претставник на компанија која продава соларни панел инсталиции, која брзо се проширила во три држави. Но, во текот на двете години поминати таму, на Чепмен нешто му недостасувало. Бил незадоволен од работата, која не му оставала време за семејството. Затоа, одлучил да покрене бизнис на интернет.

Со почетен капитал од 200 долари основал онлајн продавница која се занимава, како што самиот вели, со продажба на „машки дребулии“.

За само три месеци го заработил првиот милион.

На неговиот сајт може да најдете голем број на ситници од чија продажба тој заработува многу.

Морате да работите многу, вели Чепмен, исто како и на друго работно место, но за да започнете ваков бизнис не мора да дадете отказ. Неговиот сајт е пуштен на 11 ноември 2016, а основачот за реклама на Фејсбук плаќал дури по 100 долари дневно.

Сепак, тој не бил некој којшто немал допирна точка со продажба. На почеток продавал уметнички дела со религиозна тематика, но по само 10 часа му било јасно дека од ваков бизнис нема да има заработка, па морал да ги промени производите што ги продава.

Во 2017 лежалките на дување стануваат хит на интернет, а тој не е првиот којшто продава вакви лежалки.

По 2 месеци остварува профит од 48 проценти.

Да не должиме, погледнете го видеото:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail