Дали астронаутите се религиозни?

ekspedicija-sstronauti.jpg

Иако астронаутите не се толку популарни како некогаш кога вселенската трка беше на својот врв, информатичкото општество во кое живееме нуди моментално споделување на информации од секоја сфера на нивниот живот. Знаеме колку години имаат, колку се тешки, колку деца имаат и се останато.

Но дали сте забележале дека покрај сите споделени информации, никој од астронаутите не ја спомнува својата духовна страна? Но, не секогаш било така.

Првиот повик на религијата датира од 12-ти април 1961 година. Тогаш, имено Јуриј Гагарин влезе во историјата, со тоа што стана првиот човек во вселената. Во текот на летото наводно изјавил дека не верува во ниту еден Бог, како и што по поранешниот Советски Сојуз бил често цитиран во медиумите.

Гагарин всушност бил религиозен и не кажал ништо поврзано со религијата, а дури после тоа лето, неговата ќерка е крстена во црква, а споменатата изјава ја кажал Никита Хрушчов, разгорувајќи го анти-свештенички став на советските васти, кои не трпеле никакви религии на својата земја.

Уште еден случај имаше пред лансирањето на првата ракета Воаход: кимплетната посада била отстранета од лансирната рампа и заменета ао друга, откако е откриено дека мајката на еден од космонаутите била Еврејка. Антисемитите во Комунистичката партија биле избезумени од бес.

Други изјави околу верата во СССР немало. Никој не бил подготвен да ја ризикува својата кариера, а ниту својата глава поради своите верски ставови. Сепак, познато е дека Сергеј Королев, алфа и омега на советската вселенска програма, често одел во црква и се причестувал.

За разлика од своите советски колеги, Американските астронаути немале никогаш никакви забрани во практикување на верата. Тие дури имале и вработени свештеници во НАСА со цел да ги исполнуваат своите духовни потреби. Без разлика на верската слобода, во текот на првите две мисии за истата не се зборувало премногу. Се знаело дека некои астронаути биле длабоко религиозни – Едвард Вајт на пример.

Прв вистински премин на религиската граница се случил за Божиќ во 1968 година. Тогаш имено, Аполо 8, како прв вселенски брод со екипажот пристигнал во лунарната орбита. Екипажот го сочинувале католикот Анерс, и двајца протестанти Борман и Ловел, па сметале дека е соодветно, во духот на Божиќ да го одбележат настанот при што почитале неколку редови од Библијата посакувајќи им здравје на сите кои живеат на Земјата.

Враќањето на Аполо 8 на Земјата донел своевиден антиклимакс, бидејќи НАСА е тужена од страна на една жена атеист, која сметала дека е несоодветно да се мешаат религијата и декларираната секуларна држава.

Првата мисија на лунарната површина воедно била и прва во текот кога се практикувал верскиот обред на на второто небеско тело. Баз Олдрин во тоа време бил активен член на презвитеријанската црква, па со себе понесол пехар. По слетувањето на Месечината, се причестил и се помолил, но поради случувањата со Аполо 8, целиот случај останал со години скриен од јавноста. Интересно е тоа што Андерс – Аполо 8 и Алдрин – Аполо 11, до последно велеа дека искуството во вселенскиот брод ги променило до тој степен за да се чувствуваат како атеисти.

Следните лунарни мисии исто така имале религиски обележја. На Месечината во повеќе наврати е носена Библијата, а Џејмс Ирвин, член на мисијата Аполо 15, после враќањето од Месечината основал црквена организација “High Flight Foundation” и во повеќе наврати водел експедиции кои по планината Арарат го барале ковчегот на Ное. Ниту еден од наведените случаеви до скоро не беше објавен во јавност.

Денес, оној дел од астронаутскиот корпус кој е религиозен, отворено слави верски празници во вселената. Меѓународната вселенска станица стана вистинска сцена за средби на припадниците на неколку христијански цркви како и мал број на муслиманите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail