Дали дојде крајот на Биткоинот?

bitkoin.jpeg

Со само еден потег американската влада може да го промени криптовалутниот систем. Имено, постои голема можност да се направи црна листа на сите граѓани на САД кои поседуваат криптовалути.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Канцеларијата за контрола на странски средства – OFAC, на 19. март соопштила дека разгледува можност со црната листа “SDN” на сите да им забрани работа со криптовалути.

Во новиот дел на својот сајт, по име “Прашања во врска со криптовалути”, од OFAC истакнале дека “можеби на црната листа ќе додадат лица кои поседуваат дигитални валути”, за да ја предупредат јавноста од можната дигитална опасност.

Што е црна листа или “SDN”?

Специјалната или таканаречена црна листа, опфаќа физички и правни лица кои се санкционирани од страна на владата поради тероризам, трговија со оружје за масовно уништување, и илегална трговија со дрога. Оваа листа опфаќа различни видови на евиденција, вклучувајќи, во некои случаи само имиња, но во други случаи и презимиња и адреси, па се разгледува можноста на црната листа да се појават податоци од сите лица кои поседуваат криптовалути.

Финансиските институции за истражување на криптовалутите ќе ги проверат адресите кои сте ги користеле за трансакција.

Често има известувања за адресите во врска со наведените поединци, што сугерира дека оние кои имаат намера да ја дополнат црната листа, на тоа работат веќе подолг временски период.

Кој одлучува дали нечии податоци ќе бидат додадени на црната листа?

Со канцеларијата за контрола на странски средства, OFAC, управува Министерството за финансии, кое моментално ја одржува и ажурира црната листа. Изгледа дека постоечката листа ќе биде ажурирана со цел да опфати адреси поврзани со поединци и субјекти наведени од страна на “OFAC”, а “OFAC” поттикнува други да обезбедуваат дополнителни податоци поврзани со адресите на наведените поединци и субјекти и нивните трансакции.

Што ако криптовалутната адреса е погрешно поврзана со црната листа?

Постои жалбен процес со кој вие задолжително го откривате својот идентитет, контакт или останати информации во “OFAC”, кој потоа ја истражува вашата врска со назначениот поединец. Потоа очекувајте “подолг процес” во кој треба да доставите докази дека немате никакви трансакции, ни врска со лице од црната листа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top