Дали џвакањето мастики е штетно за здравјето

matiki.jpg

Да разјасниме на самиот почеток, џвакањето мастики не може да ве убие (освен ако некоја не ви залетне во дишникот и не успее да ве задуши, што е навистина црно морбидно сценарио). Но, група истражувачи се заинтересирале за суптилните нус-ефекти кои се појавуваат со секојдневното џвакање мастики за кои луѓето треба да се свесни.

За одредени продукти знаеме дека предизвикуваат подуеност на стомакот. Млечни производи, пиво, грав и зелка. Но, мастики за џвакање?

Според последното истражување, популарен адитиви кој го има во лебот, слатките и гумите за џвакање се поврзува со цревата, односно проблемите со стомакот.

Главниот виновник е супстанцијата титаниум диоксид кој се употребува за храната да изгледа поубаво, односно попривлечно. За полесно објаснување – она што е хајлатерот за кожата во шминкањето, тоа е титаниум двооксидот во храната.

Но, истражувањето кое се спровело на Универзитетот „ Binghamton“ во Њујорк покажало дека оваа супстанција ја оневозможува ефектицната апсорпција на корисни нутриенти во организмот, а истовремено ги зголемува воспалителните процеси.

Во истражувањето, лицата кои 5 дена јаделе храна обогатена со титаниум двооксид покажале ослабена моќ на апсорпција на минерали како железо, цинк и корисните масни киселини.

Воедно, нивниот метаболизам покажал знаци на успорување во работата.

Иако адитивот е дозволен за употреба и може да го пронајдете во многу продукти како паста за заби и крем за сончање, сепак доколку страдате од бавен метаболизам или подуеност на стомакот, можеби треба да размислите да ги сведете мастиките за џвакање на минимум.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail