ДАЛИ Е ОВА ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ !? Никој не знае на кого му припаѓа овој саркофаг чија убавина e неспоредлива

Aleksandrov-sarkofag-koji-je-pronadjen-u-Libanu-a-koji-se-cuva-u-Istanbulu-670x446.jpg

Додека телото на Александар било пренесувано од Вавилон кон Македонија, украдено е украдено од неговиот генерал Птоломеј кој го однел во Египет, каде останало се до касноантичкиот период. А потоа исчезнало и никој не знае што се случило со него. На крајот од 19-ти век откриен е еден саркофаг во Либан за кој се верува дека е токму на Александар.

Во археолошкиот музеј во Истанбул, во осветлена просторија се наоѓа објект за кој Турците велат дека е гробница на Александар Македонски, најуспешниот и најславниот од сите освојувачи во историјата.

Александар умрел во Вавилон 323 година пред нашата ера, но точната причина за смртта никогаш не е утврдена.

Плутарх и Дидодр од Сицилија носат две причини, но во добра мера слични, односно се се’ врти околу некоја забава и алкохол. Плутарх пренесува дека 14 дена пред смртта пиел ден и ноќ по што се разболил, додека Диодор вели дека 11 дена порано испил голема чинија неразредено вино по што почнал да чувствува голема слабост. Дали од виното или нешто друго имало во него , не е утврдено.

Смртта го стигнала по само 13 години на тронот на Македонското кралство и само 10 години откако го започнал освојувачкиот поход, најголемиот во историјата.

Телото на Александар било положено во златен антропоиден саркофаг, кој потоа бил исполнет со мед и ставен во златен ковчег.

Rekonstrukcija-prvobitnog-izgleda-prizora-sa-Aleksandrovog-sarkofaga-koji-se-nalazi-u-pozadini-670x502

Додека телото патувало кон Македонија неговиот генерал Птоломеј – еден од оние кои по смртта на царот ја поделиле империјата – го украл и донел во Египет, прво во Мемфис па потоа во Александрија, каде останало до касноантичкиот период. Знаеме дека Птоломеј, Цезар, Август и Калигула ја посетиле неговата гробница на преминот од старата во новата ера.

Затоа откритието на овој саркофаг кој се чува во Истанбул е многу значајно. Го откриле двајца отомански археолози, на крајот од 19-ти век во близина на Сидон, денешен Либан. Голем број експерти сметаат дека му припаѓа на Абдалоним кој од Александар бил поставен за крал на Сидон, но сега тоа тврдење е отфрлено бидеќи е изграден пред неговата смрт која дошла во 311 година.

Bareljef-na-bocnoj-strani-Aleksandrovog-sarkofaga-pronadjenog-u-Libanu-koji-se-cuva-u-Istanbulu-670x502

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail