Дали е ова најгрдата елка во светот? ФОТО

elka2.jpg

На „Пјаца Венеција“ во Рим е исправена новогодишна елка што жителите, а и корисници на социјалните мрежи ја опишуваат како најгрда, најтажна елка и дрво на штедење. На неа дури немало ни ѕвезда на врвот.

Елката била осветлена на церемонија што ја предводел градоначалникот Вирџинија Раги. Тој ги повикал возрасните и децата кои присуствувале на настанот да почнат да одбројуваат од десет до еден до палење на сијаличките, но наместо радост и аплаузи на крајот настапила непријатна тишина. Луѓето биле разочарани од резултатот.

„Подобро ќе беше да немавме никаква елка… И после се чудат зашто туристите избираат други градови… Како да поминал ураган“коментирале жителитe, додавајќи дека за да биде нешто евтино не мора да биде грдо и тажно.

Инстаграм корисник пак постирал фотографија од елката со коментар: Најтажното новогодишно дрво во Рим. Дури и во Ирак каде има војна имаат поубава елка.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail