Дали клима-уредите се корисни или штетни за нашето здравје?

Dali-klima-uredite-se-korisni-ili-shtetni-za-nasheto-zdravje.jpg

Дали клима-уредите се корисни или штетни за нашето здравје?

Познато прашање што често се поставува „Дали клима-уредот е добар за здравјето?“ Се разбира, ништо не е црно или бело. Не е добро, ако не ракуваме правилно со уредот, инаку е многу корисно да ги користиме. Иако летото е во полн ек, не е лошо да се потсетиме на предностите и недостатоците на уредите за ладење.

Предности на разладени простории:

Чувство на удобност
Во ладна просторија, луѓето се попродуктивни и помалку нервозни
Се чувствуваме посилни физички и психички, со поголем ентузијазам за каква било активност
Пониските температури го намалуваат присуството на инсекти и паразити
На оптимална температура, се потиме помалку, па затоа постои помал ризик од дехидрација
Клима-уредот помага да се отстранат алергените
Ако инсталацијата на клима-уред редовно се одржува, квалитетот на воздухот се подобрува.
На кој му пречи клима-уредот?

Кога станува збор за луѓе кои имаат алергии на носот или проблеми со синусите, температурните промени или влажноста можат да ги иритираат. Нивниот нос протекува поради таа иритација, но тоа не е страшно. Од друга страна, луѓето кои имаат хронични здравствени проблеми, како што се дијабетес или проблеми со ‘рбет, земаат одредени лекови и не можат толку лесно да се прилагодат на температурата.

Како влијаат клима-уредите врз луѓето склони кон алергии?

Честички, испарувања и други штетни материи доведуваат до застоен воздух и појава на астма, разни алергии и други респираторни проблеми. Кога ќе го вклучите клима-уредот, воздухот во просторијата станува поздрав. Со редовна употреба, се отстрануваат сите видови загадувачи – од полен до прашина. Се разбира, оваа главна улога ја играат филтрите, кои мора да бидат чисти.

Клима-уредите го намалуваат ризикот од дебелина

Верувале или не, клима-уредите го намалуваат ризикот од добивање на вишок килограми, како и други здравствени проблеми што ги носи со себе. Истражувањата покажаа дека престојот во потоплите простории го забавува нашиот метаболизам. Ова го спречува нормалното функционирање.

Недостатоци на климатизацијата:

Ненадејната промена на температурата и влажноста влијае на респираторниот систем
Ја суши кожата и мукозните мембрани
Прави бучава
Циркулацијата на воздухот може да пренесе заразни респираторни заболувања
Прашина и мувла може да предизвикаат алергиски реакции
Климатизерите често се фактор во развојот на хроничен ринитис и фарингитис, иритација на грлото и засипнатост
Тие можат да ги влошат проблемите со очите, да доведат до конјунктивитис
Правилата постојат за да се следат

Просторијата каде што е клима-уредот треба редовно да се проветрува
Уредот мора да го одржувате (чистење на филтерот), додека професионалец треба да ја проверува инсталацијата најмалку еднаш годишно
Температурата во просторијата треба да биде помеѓу 21ºС и 25ºС
Просечната влажност мора да биде помеѓу 60 и 70 проценти.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail