Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?

kristali.jpg

Многу луѓе и познати личности „полудеа“ по прекрасните кристали за кои тврдат дека ги опуштаат и им носат среќа. Но, што се всушност кристалите? Во продолжение дознајте повеќе за кристалите кои наводно имаат исцелувачки моќи.

Од каде потекнува огромниот интерес за нив? Како и многу други трендови како што се јогата, медитацијата и смудињата, кристалите не се појавија од неодамна. Самите камења може да бидат милиони години стари и луѓето ги користеле со векови. Но, откако познатите ѕвезди почнаа да покажуваат особен интерес за нив, нивната популарност повторно почна да расте.

Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?

Розов кварц

Зошто луѓето се толку опседнати со нив? Се верува дека древните камења ја пренесуваат енергијата од земјата со тоа што им дозволуваат на позитивните вибрации да струјат низ телото. Одредени кристали имаат посебни моќи, како на пример розовиот кварц кој носи љубов и авентуринот кој носи среќа. Експертите велат дека кристалите им даваат позитивна атмосфера на просториите, ја прочистуваат енергијата и им помагаат да останат поврзани со природата. Луѓето ја негуваат оваа енергија со тоа што медитираат со камењата во близина, ги држат во раце, ги ставаат на нивните тела, па дури и во водата за пиење.

Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?

Авентурин

Што уште треба да знаете за кристалите? Овие блескави минерали се создаваат кога течните камења, наречени магма, се оладуваат и добиваат прекрасен изглед. Но, не заборавајте дека станува збор за камења. Не постојат научни докази дека кристалите можат да излечат нешто. Во секој случај, доколку ве опуштаат или ви ја осветлуваат дневната соба, тогаш не постои причина зошто да не ги користите.

Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?

Месечев камен

Па, како да ги користите? Постојат топ 3 препораки за почетници. За да почувствувате мир, ставете месечев камен (селенит) до креветот. За да бидете фокусирани, ставете аметист на вашата работна маса. Темно виолетовата боја смирува и предизвикува животна смиреност која ќе ви помогне да ги надминете секојдневните потешкотии. Дали чувствувате негативна енергија околу вас? Црно-сивиот хематит е добар за отстранување негативни енергии што не се ваши.

Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?

Аметист

Иако кристалите не се семоќни и нема драстично да ви го променат животот, вреди да се обидете и да ги почувствувате нивните исцелувачки моќи.

Дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи?
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail