Дали месото смее 2 пати да се замрзнува? Еве го одговорот!

Image-1.jpg

Сите сме слушнале дека месото кое еднаш сме го одмрзнале не смее повторно да се замрзнува. Меѓутоа никој нема валиден одговор, туку се се сведува на приказни. Ова е научна вистина.

Месото смее да се одмрзнува и да се замрзнува повеќе пати, а тоа што е важно е да се одмрзнува в фрижидер на температура до 5 С. После тоа можете повторно да го замрзнете. Се што може да се случи е келиите на месото малку да попукаат и да биде поводено, но нема да стане отровно или нешто такво.

Храната се замрзнува за процесот на размножување на бактерии максимално да се забави, или на обичен јазик кажано , за да не се расипе. Па, на температура од -18С (што е стандард за замрзнување) храната се расипува толку бавно што може со години да ја чувате на овој начин. Во фрижидер на температура од 2С до 8С, храната може да издржи кратко време, додека на собна температура ќе се расипе многу брзо.

ВНИМАНИЕ: „Јас сум месар 11-години и ви велам дека месото кое го јадеме е рамно со леш од некое животно кое со денови стои на пат….“

Кога месото ќе се одмрзне, процесот на размножување на бактерии (расипување) се забрзува, но кога повторно ќе се замрзне, повторно се забавува, па доколку не сте замрзнале веќе расипано месо, немате проблем.

Често се слушаат приказни за увезеното месо кое било долго време во транспорт, одмрзнувано и замрзнувано повеќе пати. Проблемот со тоа е што можно е долго време да стоело одмрзнато па процесот на расипување можеби бил одложен пред повторно да биде замрзнато. Но и да не е повторно замрзното, би било проблем што се расипало, така што повторното замрзнување тука не игра некоја улога.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail