Дали милионерите се поинтелегентни

milionerr.jpg

Прва препрека во пронаоѓањето одогвор на ова прашање е како да препознаете паметни луѓе. Џонатан Вај истражувач од Универзитетот Дјук, вели дека најбогатите луѓе во светот често се образувале на најпрестижните универзитети. Сепак Вај признава дека тоа не мора да биде неприкосновено правило

Интелегенција и приходи 

Истражувањето на Џеј Загорски од Универзитетот од Охајо вели дека секој дополнителен поен на тестовите на интелегенција покажува 200 до 600 долари дополнителен приход. Тоа значи дека личноста која има интелегенција IQ 130 заработува од 6000 до над 18 илјади долари повеќе од оној кој има просечна интелегнција

Сепак екстремно високиот коефициент на интелегенција е добар предзнак за банкрот. „Постојат показатели дека паметните луѓе се со поголема самодоверба и поради тоа се прават грешки“ вели Загорски.

Кога станува збор за богатството, интелегенцијата не игра никаква улога бидејќи многу луѓе не наследуваат огромно богатство. „Сепак дури ни големото наследство не значи дека некој паметно ќе работи со тие пари, такви се речиси половината од луѓето кои наследуваат богатство“ вели Загорски.

Богатството не е огледало на способноста

Научникот од Универзитетот во Ерусалим истакнува дека не значи ако е некој многу богат дека е и многу способен.

„Моето истражување покажа дека богатството не е никаков знак на интелегенција или ум. Тешко е да се утврди дали некој е многу способен или само има голема среќа“, изјавил Моше Леви.

Во текот на истражувањето во врска со распределбата на богатството, научниците дошле до заклучок дека богатството е распоредено сосема случајно.

Таквите резултати укажуваат на тоа дека факторот среќа, а не некоја одредена способност е главниот фактор за богатството кај богатите.

Најголем проблем е кога богаташот влезе во политички води, како што е преимерот со поголемиот број на најблиските соработници на Трамп.

„Нивните примери на управување се најчесто негативни бидејќи многу тешко се прилагодуваат на јавното управување. Тие не можат да се помират со фактот дека нивните идеи не се имплементираат брзо во ситемот, вели Дерел Вест од Брукинг институтот.

Тој исто така нагласува дека тие луѓе се премногу одалечени од обичните луѓе и обичните проблеми.

„Тие луѓе поголемиот дел од својот живот го поминале изолирани од секојднените проблеми на обичните луѓе“, заклучува Вест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail