Дали млекото е добро за пиење по истекот на рокот на траење?

mle.jpg

Голем дел од прехранбените производи имаат рокови на траење кои многу често се погрешно сфатени. Тие означуваат до кога производот е најдобар за употреба, но на ниту еден производ не пишува дека тој е неупотреблив по запишаниот датум.

Датумите на млекото, па и на огромен дел од другите производи, се само препораки кои не треба да се сметаат како дефинитивен показател дека на некој од нив им е изминат рокот на траење.

Според општоприфатените норми и закони, само бебешките раствори и кашички се подложни на тешки контроли и не смеат да бидат продавани (а се препорачува и да не се консумираат) по истекот на рокот запишан на амбалажата. Сите останати прехранбени производи имаат запишан рок на траење кој, посебно во Македонија, е третиран погрешно. Наместо да се третира како „рок до кој производот е најдобар за користење“ (best before), тој се третира како да не може да се употребува откако ќе истече пропишаниот датум, што е едноставно погрешно.

Компаниите кои произведуваат млечни производи велат дека овие рокови постојат за да му се потенцира на купувачот до кој датум производот ќе има најдобар вкус, но во никој случај рокот не е наменет да имплицира дека производот, каков и да е, ќе се расипе по поминувањето на датумот.

Воглавно, датумите служат за да се ограничат продажните места со времето на продажба, за купувачот да има барем неколку дена во кои ќе може да го искористи производот.

Млекото, на пример, може да се користи најмалку 5 дена по датумот запишан на амбалажата, а многу претставници на компаниите кои преработуваат млеко велат дека би било безбедно и истото да се консумира една недела по истекот на пропишаниот рок.

За да го продолжите рокот на млекото, или на било кој млечен производ, чувајте го во фрижидер и осигурајте се дека амбалажата е добро затворена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail