fejsbuk.jpg

Откако се појавија информации дека апликацијата на Фејсбук не може да се избрише од некои телефони на Самсунг, многумина се посомневаа дека најголемата социјална мрежа ги шпионира, дури и кога апликацијата не е активна.

Довербата на корисниците во Фејсбук драстично опадна откако изби скандалот со Cambridge Analytica во кој што беше откриено дека Фејсбук на оваа консултантска компанија ѝ ги открива личните податоци на милиони корисници кои што подоцна се користат за политички цели.

Деновиве, на интернет започна да кружи информација дека на некои паметни телефони на Самсунг, апликацијата на Фејсбук е невозможно да се избрише, па се појавија сомнежи дека најголемата социјална мрежа на светот ги шпионира корисниците на телефоните, односно разни податоци се испраќаат на серверите на Фејсбук без знаење на корисниците.

“Bloomberg” објави дека апликацијата на Фејсбук не е возможно да се отстрани од некои паметни телефони на Самсунг. Наводно, апликацијата на тие уреди е прединсталирана и можно е само да се исклучи, но не и да се избрише.

Познатата истражувачка Џејн Вонг сепак утврди дека станува збор за место резервирано за апликацијата на Фејсбук кое што го држи апликацијата Facebook App Manager/Installer која што потребно е да се надогради на целата апликација, со цел да може корисникот да се логира на социјалната мрежа и да ја користи.

Според Вонг, таа аппликација која што не може да се избрише, не ги собира податоците од паметните телефони.

Од Фејсбук соопштија дека нивната апликација додека е исклучена, исто како да е избришана, затоа што ниту собира податоци, ниту пак истите ги испраќа на Фејсбук.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail